Реал Мадрид го договори трансферот на Дензел Дамфрис од Интер, а управата на италијанскиот шампион тргна во офанзива за холандскиот десен бек да го замени токму со играч од „кралскиот клуб“.
Дани Карвахал е фудбалерот што е поврзуван со преселба на „Џузепе Меаца“, одличниот десен бек си замина како слободен играч од Реал, а Интер веќе испратил понуда за да го доведе во своите редови. Киву и клупските директори сметаат дека Карвахал се ште е играч од највисока класа и сакаат да го доведат во Интер, нудејќи му улога на првотимец, нешто што не беше случај изминатата сезона во Реал.
Самиот дефанзивец има на маса понуди од САД и од Саудиска Арабија, но Карвахал сака да докаже дека се уште може да игра на највисоко ниво и затоа приоритет му е останувањето во Европа.
Фактот дека Интер не само што му го нуди тоа, туку и можност повторно да биде дел од Лигата на Шампионите е особено примамлив за шпанскиот дефанзивец, кој е многу блиску до прифаќање на понудата на новиот италијански првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
