Рокада на повидок: Петровиќ на клупата на ФМП, Мирковски во Куманово

Кошаркарските прволигаши полека, но сигурно стартуваат со активности во планирањето на составите за следната сезона, а пред реализација е рокадата на тренери меѓу екипите на Куманово и на ФМП со која Александар Петровиќ би заминал на чело на тимот од Кисела Вода, додека во Куманово би се преселил Владимир Мирковски.

Преговорите и на двете страни се наоѓаат во завршна фаза и веќе до крајот на оваа седмица би требало да бидат потпишани договорите, по што и Кумановци и ФМП ќе се насочат на потписи на нови кошаркари во своите редови. Петровиќ имаше две успешни сезони на клупата на Куманово, помагајќи овој тим да се пласира во Супер-лигата и покрај лимитираниот буџет и внесувањето на голем број млади играчи во ростерот.

Сепак, екс-тренерот на МЗТ Скопје не успеа да се договори со управата на кумановци за продолжување на соработката, а разговорите со ФМП се во завршна фаза. На негово место би требало да пристигне токму поранешниот тренер на ФМП, Владимир Мирковски, кој во февруари седна на клупата на тимот од Кисела Вода. Иако првите планови беа тој да го води ФМП и во новиот шампионат, сепак не дојде до договор меѓу двете страни, па сега тој е пред потпис со Куманово, откако младиот стратег претходно работеше како предводник на Бест од Гевгелија, а имаше и ангажман во далечната Кина.

Се вчитува...