Рокада во националниот тим: Георгиевски се враќа, отпадна Поповски

Гоце Георгиевски сепак ќе биде дел од македонската репрезентација на почетокот од новиот квалификациски циклус и дуелите со Финска и со Швајцарија.

Десното крило на Вардар не се најде на скратениот список на селекторот Брестовац, кој веднаш напомена дека тоа не значи бришење на Георгиевски од репрезентацијата. Во ситуација кога Мартин Поповски нема да може да помогне, искуството и квалитетот на „Џомба“ ќе бидат драгоцени во обидите со максимални две победи да се стартува настапот во квалификациите за ЕП 2021.

Селекторот Данило Брестовац се соочува со сериозни проблеми околу составот, откако претходно остана и без двајцата најблиски соработници во стручниот штаб, Никола Матлиески и Александар Царчев, кои беа позитивни на тестирањата на Covid-19 пред стартот на подготовките.

Се вчитува...