Ролан Гарос: Федерер тргнува против Сонего, а Ѓоковиќ против Хуркаш

Роџер Федерер ќе се врати на терените на Ролан Гарос по четири години пауза, а ждребот му додели на Швајцарецот лесен противник на стартот од овој гренслем турнир. Италијанскиот тенисер Лоренцо Сонего е ривал на Федерер во првото коло од Ролан Гарос, а најтежок ривал на неговиот дел од костурот е Стефанос Циципас.

Рафаел Надал ќе ја почне одбраната на титулата против квалификант чие име дополнително ќе биде објавено, додека Ѓоковиќ во првото коло ќе се сретне со Хуркаш од Полска.

Актуелната шампионка во женска конкуренција, Симона Халеп, на стартот од овој турнир ќе се сретне со Ајла Томљановиќ. Првата носителка Наоми Осака ќе се сретне со Ана Каролина Шмиедлова од Словачка, додека Серена Вилијамс во првото коло ќе ги одмери силите со Виталија Диатченко од Русија.

Се вчитува...