Ролан Гарос го овековечи Надал – Рафа ја направи првата фотографија со својата статуа (ФОТО)

Надал ја направи првата фотографија со статуата која челниците на Ролан Гарос му ја посветија на Шпанецот. Рафа важи за „крал“ на земјената подлога, па по тој повод доби статуа која е висока шест метри и е изработена од челик. Локацијата на оваа статуа се наоѓа пред портата на тенискиот комплекс во Париз.

Претседател на Француската тениска федерација, Моретон и уметничката скулпторка Каролин Брисет ја подготвија оваа церемонија со цел да оддадат почит на најдобриот тенисер во историјата на париското тло, Рафаел Надал.

Легендарниот шпански тенисер на оваа подлога досега има 100 победи и само два пораза, 2009 година против Робин Содерлинг и 2015 година против Новак Ѓоковиќ. Ова значи дека стапката на ефикасност на Шпанецот е поголема од 98 проценти, па по ваквата неверојатна статистика, Рафа со право ја добива оваа статуа.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...