Ролан Гарос ќе добие нова „кралица“ – Швјонтек елиминирана од Сакари

Ролан Гарос ќе добие нова „кралица“ откако бранителката на трофејот, Полјачката, Ига Швјонтек беше елиминирана во четвртфиналето од грчката тенисерка Марија Сакари со 2-0, по сетови 6-4 и 6-4.

Во еден физички тежок натпревар грчката тенисерка подобро се снајде и успеа да стигне до првото гранд-слем полуфинале во нејзината кариера. Во полуфиналето Сакари ќе игра против Барбора Крејчикова од Чешка која претходно беше подобра од Американката Кори Гоф.

Се вчитува...