Новиот претседател на Француската тениска федерација, Моретон и уметничката скулпторка Каролин Брисет ќе ја претстават статуата на тениската легенда Рафаел Надал, кој важи за „крал“ на земјената подлога. Статуата е висока шест метри и изработена од челик, а ќе стои на новиот плоштад кој се наоѓа пред портата на тенискиот комплекс.
Познатиот тениски турнир во Париз, како што дознава „Марка“, оваа статуа ја има подготвено и направено за оддавање почит на најдобриот тенисер во историјата на париското тло, Рафаел Надал. Целата церемонија ќе се случи откако ќе дојде шпанскиот тениски шампион, кој според најавите се очекува да пристигне во главниот град на Франција.
Менаџментот на Ролан Гарос едногласно одобри во јуни 2017 година дека ликот на Надал треба да биде трајно присутен на тенискиот комплекс во Париз. Рафа на оваа подлога досега има 100 победи и само два пораза, 2009 година против Робин Содерлинг и 2015 година против Новак Ѓоковиќ. Ова значи дека стапката на ефикасност на Шпанецот е поголема од 98 проценти, па по ваквата неверојатна статистика, Рафа со право ја добива оваа статуа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА