Ролан Гарос: Шок за Осака, лесна победа за Ѓоковиќ

Шансите на Наоми Осака за освојување на третиот гренслем турнир во низа исчезнаа откако јапонската тенисерка беше поразена од Катерина Синиакова од 0-2 во сетови, што значеше и елиминација на првата носителка од Ролан Гарос. Јапонката тотално потфрли, направи дури 37 неизнудени грешки, па на крајот сосема заслужено капитулираше пред 42. рангираната светска тенисерка.

Симона Халеп лесно триумфираше над Цуренко со 6-2, 6-1, со што Романката останува главна фаворитка за титулата на Ролан Гарос.

Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми го доби и третиот меч во Париз, овојпат против Италијанецот Карузо, триумфирајќи со 6-3, 6-3, 6-2. Следен противник на првиот носител ќе биде победникот од дуелот Штруф – Чориќ, во кој се игра петти сет.

Вавринка со три добиени тај-брејка славеше над Димитров со 3-0 во сетови, а пласман во осминафиналето обезбеди и Зверев, со триумфот од 3-2 над Душан Лајовиќ.

Се вчитува...