Ролан Гарос: Зверев и Циципас без проблеми до трето коло

Александар Зверев и Стефанос Циципас без поголеми проблеми се пласираа во третото коло на вториот гранд-слем во сезоната, Ролан Гарос. Германецот славеше над Русинот Роман Сафулин со максимални 3-0, по сетови 7-6, 6-3 и 7-6. Од друга страна уште полесно помина Циципас кој во втората рунда беше подобар од Шпанецот, Педри Мартинез со 3-0 (6-3, 6-4 и 6-3). Во следната рунда во машкиот дел на жребот се пласираа и Кеј Нишикори, Фабио Фоњини, Џон Иснер, Каспер Руд…

Кај дамите пласман во третото коло денеска обезбедија Викторија Азаренка, Медисон Кис, Маркета Вондрушова.

Се вчитува...