Роланд Миклер потпиша тригодишен договор со ПИК Сегед

Унгарскиот репрезентативен голман Роланд Миклер го напушта Веспрем и од следната сезона се сели во ривалскиот ПИК Сегед. Миклер со ПИК Сегед веќе потпишал тригодишен договор кој стартува од летото 2019.

Роланд Миклер настапуваше за ПИК Сегед и во 2010 година и сега повторно се враќа во стариот клуб, откако приматот на прв голман во Веспрем го презеде Арпад Штербик.

Претходната сезона од Веспрем во ПИК Сегед замина и хрватскиот голман Мирко Алиловиќ. По една година пауза, Алиловиќ и Миклер одново ќе бидат голмански тандем, но сега на голот на ПИК Сегед на кој тимот го има и Мартин Наѓи.

Се вчитува...