Рома четири месеци го убедува Антонио Конте

Антонио Конте е големата желба на управата на Рома за тренер на „римската волчица“ од наредната натпреварувачка сезона, објави весникот „Кориере дело спорт“ во своето денешно издание. Контактите меѓу Рома и Конте се стартувани уште во текот на минатата година, а се интензивираа во последните четири месеци, во кои трофејниот стратег имал бројни состаноци со Гвидо Фиенга, менаџинг-директор на римскиот клуб.

Раководството на Рома ја презентирало својата идеја за проект што би траел најмалку четири години, нудејќи му на Конте да раководи со истиот. Италијанецот засега не дал конкретен одговор, користејќи го фактот дека и Интер исто така е во потрага по тренер, но според последните информации поранешниот менаџер на Челси сега сериозно размислува за преселба на „Олимпико“.

Подготвен сум да се вратам на тренерската работа“ – соопшти неодамна поранешниот италијански селектор, кој до крајот на сезонава се наоѓа на платниот список на Челси, по што ќе преземе нов клуб од врвот на европскиот фудбал.

Се вчитува...