Рома даде понуда за Зиркзе, Манчестер Јунајтед сака повеќе

Рома испрати прва понуда до Манчестер Јунајтед за Џошуа Зиркзе. Според италијанските медиуми, станува збор за позајмица до крајот на сезоната, со откуп за 30 милиони евра идното лето, но само доколку „волчицата“ успее да обезбеди место во Лигата на шампионите идната сезона.

Проблемот е тоа што во моментов тимот од „Олд Трафорд“ бара повеќе пари, односно 10 милиони евра плус од она што го нуди италијанскиот тим. Вториот услов е да најде замена со оглед дека во моментов Јунајтед има проблем со настапите на Брајан Мбемо и Амад Дијало на Африканскиот куп на Нации.

„Ќе биде тешко некој да го напушти клубот доколку не можеме да најдеме замена. А, во моментов ни недостасуваат играчи. Дури и да сме во полн состав, не можеме да се справиме со предизвиците“, изјави менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим.

Се вчитува...