Рома доаѓа во „пеколот“ – „Камп ноу“ е неосвоив речиси пет години

Повеќе од јасно е дека Рома ќе ја има улогата на аутсајдер на денешното гостување против Барселона. Квалитетот е на страната на каталонскиот гигант, уште повеќе кога настапува пред своите гледачи каде Барса е непобедлива со години наназад. Поточно, на последните 25 натпревари одиграни во ЛШ на домашен терен Барселона има скор од 23 победи и само две реми. Непобедени останале Атлетико Мадрид во 2014 и Јувентус во 2017 година, а во овој период Барселона постигнала дури 78, а примила само 11 погодоци.

Последниот пораз на Барселона пред своите гледачи во елитното европско натпреварување е забележан на 1 мај 2013, кога Баерн Минхен доминираше на „Камп ноу“ и заслужено славеше со 0-3.

Знаеме се за квалитетите на противникот, но немаме намера да се предадеме. Ова ни е шанса за да испишеме нова клупска историја и ќе сториме се за да го изненадиме фаворитот“ – коментираат од таборот на Рома во пресрет на вечерашниот натпревар.

Се вчитува...