Рома доби лекција и од Сампдорија

Катастрофалниот финиш на сезоната на Рома продолжи со вечерашниот пораз од Сампдорија, со кој „римската волчица“ остана предалеку од местата кои водат во Лигата на Европа наредната сезона.

Само неколку дена по катастрофалниот пораз од Манчестер Јунајтед, Фонсека и неговите избраници повторно потфрлија, губејќи од просечниот состав на Сампдорија. Мора да се истакне и дека Рома имаше три поништени погодоци поради минимален офсајд, a при резултат 2-0 гостите не искористија и пенал преку Един Џеко.

Стрелци на головите за Сампдорија беа Силваа во 45. и Јанкто во 66. минута, за три бода со кои калчолигашот од Џенова остана на деветтото место на табелата.

Се вчитува...