Рома успеа да ги задржи Кристанте и Манчини како лидери на тимот за наредната сезона, а „волчицата“ е на добар пат да доведе и врвно засилување што ќе ја освежи навалната линија на екипата предводена од Џампјеро Гасперини.
Прва желба на римјаните беше Мејсон Гринвуд, но откако асот на Олимпик реши да замине во Фенербахче челниците на Рома вниманието го насочија кон Крисенсио Самервил, брзоногиот крилен офанзивец кој се наоѓа на излезна врата од Вест Хем.
„Чеканите“ испаднаа од Премиер-лигата и се принудени да ги продадат најскапите фудбалери, а Самервил дефинитивно припаѓа на оваа листа. Самиот фудбалер се согласил и на нешто помала плата од првата сума што ја побарал од Рома, прифаќајќи договор за 4,5 милиони евра по сезона, плус бонуси.
Во тек се и преговорите меѓу клубовите, Вест хем бара 45 милиони евра, Рома веќе понуди 35 плус бонуси, па се очекува со следната понуда да биде најден целосен заеднички јазик и овој мегатрансфер да биде комплетиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
