Рома е последниот полуфиналист во ЛЕ: Триумф над Феенорд по продолженијата (ВИДЕО)

Рома e последниот полуфиналист во Лигата на Европа, по Севилја, Јувентус и Баер Леверкузен, откако по продолженија славеше со 4-1 против Феенорд на реванш-дуелот од четвртфиналето.

„Волчицата“ во регуларниот дел од мечот дојде до победа од 2-1, анулирајќи го поразот од 0-1 од првиот натпревар во Ротердам.

Рома се извлече до 2-1 благодарение на голот на Дибала во 89. минута, што го однесе тимот во продолженија.

А, во продолжението, Ел Шарави во 101. минута погоди за 3-1.

Во 109. минута и Пелегрини се запиша во листата на стрелците за конечна победа од 4-1.

Се вчитува...