Рома експресно доведе нов лев бек

Рома искористи дел од средствата кои ги заработи од продажбата на Емерсон Палмиери, и доведоа негова замена од редовите на Спортинг Лисабон. Џонатан Силва денес експресно ги помина медицинските прегледи и се согласи на петгодишен договор со „римската волчица“, а за неговите услуги беа исплатени 6 милиони евра.

23-годишниот Аргентинец сезонава одигра вкупно 13 натпревари за португалскиот гигант, но во последниве два месеци е вон строј поради повреда на коленото. Неодамна се опорави, но ќе му треба време за да се врати во вистинска натпреварувачка форма.

 

 

Се вчитува...