Рома го чува својот нов „бисер“: Заниоло уште долго на „Олимпико“

Американските газди на Рома се цел на напади од италијанската јавност поради третманот кон клупските легенди. Летово Даниеле де Роси си замина од „Олимпико“ откако не му беше понуден нов договор, а по негови стапки директорската функција ја напушти и „принцот на Рим“, големиот Франческо Тоти.

Челниците на „волчицата“ се свесни дека не смеат да си дозволат заминување на уште некој миленик на навивачите, па затоа прават се што е во нивна моќ за да потпишат нов долгогодишен договор со Николо Заниоло. Новиот „бисер“ на Рома блесна минатата сезона со значајни голови во Лигата на шампионите и во „Серија А“, што придонесе интерес за неговите услуги да покаже Јувентус, како и неколку екипи од Премиер-лигата.

Сепак, раководството на Рома не само што нема да го продаде Заниоло летово, туку тој ќе потпише нов долгогодишен договор. Преговорите се во завршна фаза, па се очекува Заниоло до крајот на оваа седмица да потпише договор со важност до 2024 година. Со тоа, младиот ас ќе добие зголемување на платата на 1,8 милиони евра за новата сезона, со пропорционално зголемување на неговата заработувачка во секоја наредна сезона.

Се вчитува...