Рома го донесе „Зоро“ за тренер

Долгата потрага вроди со плод, па Рома конечно најде нов тренер. Откако не успеаја да се договорат со Антонио Конте и со Маурицио Сари, челниците на „римската волчица“ улогата на наследник на Раниери му ја доделија на Пауло Фонсека, стратегот кој ќе пристигне во Рим од клупата на Шахтјор.

Римскиот клуб во изминатите денови преговараше со украинскиот првак, за на крајот да биде постигнат договор, Рома да плати два милиони евра за предвремениот прекин на соработката меѓу Фонсека и Шахтјор. За почетокот на следната седмица е најавено пристигнувањето на уругвајскиот стратег, кој во Украина го доби и прекарот „Зоро“ откако се појави со маска преку очите на една прес-конференција.

Фонсека ќе потпише тригодишен договор за плата од 2,5 милиони евра по сезона, а со себе ќе донесе и еден фудбалер на Шахтјор. Станува збор за левиот бек Исмаили Гонкалвес дос Сантос, чиј трансфер е начелно договорен и ќе следи по потписот на тренерот.

 

Се вчитува...