Рома го губи здивот за европска битка: Шокирачки пораз од Торино (ВИДЕО)

Рома го губи здивот во битката за местата на табелата во Серија А кои носат европски излез. Во 31. коло од италијанскиот шампионат, „волчицата“ загуби со 3-1 на гостувањето од Торино кој се бори за опстанок.

Торино го запиша само вториот триумф сезонава на домашен терен. А, Рома имаше предност по првото полувреме од 0-1 со голот на Мајорал уште во 3. минута.

Во вториот дел следеше комплетен пресврт. Најпрво Санабрија во 57. минута израмни, потоа Заза во 72. минута донесе предност од 2-1, а Ринкон во 92. минута заокружи за конечни 3-1.

Рома сега, останувајќи на 54 бода, е на четири бода од Лацио, кој е на шестото место, последно кое носи европски излез следната сезона.

 

Се вчитува...