Италијанскиот калчолигаш Рома сака да го засили својот тим за следната сезона со фудбалерот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ. Тој во 2015 година од редовите на Интер се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, а ова лето би можел да се врати на Апенините, но во дресот на „волчицата“.
Оваа сезона хрватскиот интернационалец добива мала минутажа во „кралскиот клуб“, а добива и многу критики за својата игра. Токму затоа и ќе мора да го напушти Мадрид.
Раководството на Рома е подготвено да плати 30 милиони евра за неговите услуги и да го доведе како големо засилување за следната сезона во Серија А. Ковачиќ има актуелен договор со Реал Мадрид до 2021 година, но очигледно дека „кралевите“ ќе се сложат да го продадат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА