Рома го купува Ловрен од европскиот првак

Хрватскиот интернационалец Дејан Ловрен ќе го напушти европскиот првак Ливерпул и ќе се пресели во Италија. Тој е пред трансфер во италијанскиот калчолигаш Рома. Клубот од „Енфилд Роуд“ бара 20 милиони евра, но „волчицата“ се надева дека ќе успее да намали уште малку од отштетата поради добрите односи создадени по продажбата на Мохамед Салах и на Алисон Бекер.

Јирген Клоп веќе не го гледа Дејан Ловрен како партнер на Ван Дајк во стоперската линија, а Рома бара замена за Костас Манолас кој замина во Наполи.

Ловрен минатата сезона одигра само 18 натпревари за Ливерпул, пропуштајќи дел од шампионатот поради повреда.

 

Се вчитува...