Рома го купува Талиска од Бешикташ

Италијанскиот калчолигаш Рома ќе тргне во голем шопинг ова лето, откако клубот заработи фантастични 82 милиони евра од ТВ права и од бонуси во Лигата на шампионите. „Волчицата“ в среда ќе го игра реванш полуфиналниот меч против Ливерпул во елитното европско клупско натпреварување, а спортскиот директор Мончи веќе го договори првото засилување.

Според медиумите на Апенините, Бразилецот Талиска од Бешикташ во летниот преоден рок ќе пристигне на „Олимпико“ и од следната сезона ќе го носи дресот на Рома. 24-годишниот офанзивен играч за врска игра како позајмен играч од Бенфика во Бешикташ, а Рома во него гледа одлично засилување за средниот ред, со оглед дека Кевин Стротман најверојатно ќе си замине од клубот.

Се вчитува...