Рома го освои „Сан Сиро“

Рома славеше убедлив триумф на гости против Милан на „Сан Сиро“, победувајќи го тимот на Винченно Монтела со 1-4. Со тоа „волчицата“ се врати на втората позиција на табелата во Серија А, со еден предност пред Наполи.

Един Џеко го отвори резултатот уште во осмата минута, а 20 минути подоцна постигна уште еден погодок, со удар со глава по корнерот од левата страна.

Пашалиќ во 76.минута го намали резултатот, но надежта на Милан траеше само две минути, со оглед дека Ел Шарави постигна трет гол за Рома. Конечниот епилог го постави Де Роси од пенал во 87.минута, а Палета доби и црвен картон во домашниот тим.

All Goals & Highlights HD – AC Milan 1-4 AS… by Bayeo

Се вчитува...