Рома го „откачи“ Челси за Џеко: Таква понуда не е доволна

Италијанскиот калчолигаш Рома одлучи да не го продава својот напаѓач Един Џеко, иако на адреса на клубот пристигна убава понуда од англискиот првак Челси. Менаџерот на „сините“, Антонио Конте е заинтересиран во пакет од Рома да ги купи Емерсон Палмиери и Един Џеко, а понуди вкупно 55 милиони евра.

Сепак, раководството на „волчицата“ не е импресионирано од понудата.

„Рома, како и секој клуб во светот, ги разгледува сериозно понудите за своите фудбалери. Но, Един е се уште тука, што значи дека таа понуда не била доволна. Секој нареден ден носи нешто ново, можеби јас утре ќе одам да го купувам Лионел Меси, но во моментов Рома е фокусирана на победите и нема промени во составот“, изјави спортскиот директор Мончи.

Се вчитува...