Рома го продаде својот стопер во Саудиска Арабија

Стоперот на Рома, Рожер Ибањес ќе се пресели во Саудиска Арабија, откако ги договорил сите услови за премин во Ал-Ахли. Саудискиот клуб за услугите на 24-годишниот стопер на „волчицата“ ќе и исплати отштета од 30 милиони евра.

Нотингем Форест и Астон Вила исто така беа заинтересирани, но нивната понуда беше помала како за обесштетување, така и за платата на играчот, па така Ибањес веќе ги договорил личните услови за саудискиот тим.

Рома ќе ја прифати понудата затоа што има потреба од финансиски средства, со кои ќе купи нов напаѓач, со оглед дека Абрахам ќе биде долго време надвор од терените поради повреда.

Се вчитува...