Рома го слави тинејџерот Заниоло

Николо Заниоло има само 19 години, но италијанскиот тинејџер се наметнува како еден од клучните фудбалери на Рома оваа сезона. Доказ за тоа е и вечерашниот дуел од ЛШ против Порто што „волчицата“ го доби со 2-1, а двата гола беа дело токму на ова италијанско „чудо од дете“.

Првото плувреме мина во мирна играта на двете страни, а најубавата шанса ја пропуштија домаќините кога Џеко од одлична ситуација го затресе само дирекот од голот на Касилјас. Во вториот дел на сцена стапи Заниоло со два гола, првиот на асистенција на Џеко, а вториот откако босанскиот ас го погоди дирекот, па Заниоло ја смести одбиената топка во мрежата.

Фудбалерите на Рома уште го славеа водството од два гола кога им се случи „туш“, за момент го заборавија Адријан Лопез, а шпанскиот напаѓач одлично се снајде и постигна многу значаен гол за Порто во пресрет на реваншот во Португалија.

Се вчитува...