Рома го „здроби“ Киево како загревање за Ливерпул… (ВИДЕО)

Рома ја продолжува активната битка со Лацио и Интер за позициите на табелата во Серија А кои водат во Лигата на шампионите следната сезона, откако во 35. коло со убедливи 4-1 славеше против Киево.

За „волчицата“ овој меч беше загревање и за реваншот од полуфиналето во ЛШ кој го очекува против Ливерпул во среда.

Рома поведе со голот на Шик во 9. минута, а Џеко во 40. минута зголеми на 2-0…

Во вториот дел гостите не реализираа пенал при 2-0, во моментите кога кај Рома беше исклучен и Хесус. Но, и со играч помалку римскиот тим дополнително ги казни гостите со уште два погодоци, преку Ел Шарави во 65. минута и Џеко во 67. минута.

Киево на крајот само го ублажи поразот со голот на Роберто Инглезе во 88. минута.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...