Италијанскиот клуб Рома ја упати својата прва понуда до англискиот клуб Челси за Алехандро Гарначо, за да го добие на позајмица со опција за откуп за вкупно 40 милиони евра.
Клубот е заинтересиран и за Кресенсио Сомервил од Вест Хем , објави „Скај Спорт Италија“.
„Волчицата“ сака да го зајакнат својот состав за претстојното учество во Лигата на шампионите, по седумгодишно отсуство од елитното клупско натпреварување.
Приоритет на клубот е да му обезбеди на главниот тренер Џан Пјеро Гасперини офанзивни крилни играчи кои одговараат на стилот на фудбал што тој сака да го игра. Откако посакуваниот играч на Рома, Мејсон Гринвуд, се согласи да премине во Фенербахче, следната цел на римскиот тим е Аргентинецот Гарначо.
Првата официјална понуда од Рома е за 5 милиони евра за позајмица со опција трансферот да стане перманентен за дополнителни 35 милиони евра. Опцијата би можела да стане задолжителна доколку се исполнат одредени услови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
