Рома ја прекина серијата порази со убедлива победа над Лече

Рома оствари сигурен триумф над Лече совладувајќи го со 4-0 на „Олимпико“. Со тоа „волчицата“ стави крај на непријатната низа од три порази во Серија А.

Ченгиз Ундер ја отвори серијата голови во 13.минута, а Хенрик Мхитарјан зголеми на 2-0 во 37.минута. Во вториот дел погодија и Един Џеко и Александар Коларов за враќање на победничката атмосфера и во „црвениот“ дел од Рим.

Се вчитува...