Рома ја „здрма“ Сампдорија и обезбеди четвртфинале во Купот на Италија (видео)

Калчолигашот Рома со вечерашниот триумф (4-0) над Сампдорија, успеа да се пласира во четвртфиналето од Купот на Италија. Голеадата на „волчицата“ ја започна Раџа Наинголан во 39-та минута од натпреварот и со предност од еден гол се замина на паузата.

Веќе во второто полувреме, се беше во знакот на тимот од Рим, а гостинската екипа немаше никакви шанси да направи некаква сензација. Во 48-та минута, Един Џеко потврди дека е во извонредна форма и стрелаше за 2-0, а во 61-та минута, Стефан ел Шарави погоди за 3-0. Во последните секунди од натпреварот, Наинголан уште еднаш блесна, постигнувајќи го својот втор погодок на овој натпревар за конечни 4-0.

AS Roma vs Sampdoria 4-0 All Goals and… by enteritament

Се вчитува...