Рома ќе му даде нов договор на Даниеле де Роси

Тренерот на Рома, Даниеле де Роси треба да потпише повеќегодишен договор со својот сакан клуб.

Наследникот на Жозе Мурињо се претстави одлично откако ја презеде клупата на „волците“ и на седум натпревари оствари шест победи.

Тој беше поразен само од неприкосновениот лидер Интер. Во моментов договорот на Де Роси трае до крајот на сезоната, но „Калчомеркато“ пренесува дека соработката ќе биде продолжена по договор со сопственикот Ден Фридкин. Рома моментално е на 5. место во Серија А со 47 бодови.

Тие во четврток го пречекуваат тимот на Брајтон во првиот осминафинален натпревар во Лига Европа.

Се вчитува...