Рома ќе плати за лекувањето на претепаниот навивач на Ливерпул

Рома ќе донира 150.ооо евра за лекување и рехабилитација на Шон Кокс, навивачот на Ливерпул кој беше претепан од навивачите на италијанскиот клуб во пресрет на меѓусебната пресметка во Лигата на шампионите.

53-годишниот Кокс доби тешки повреди на мозокот по нападот од италијанските хулигани и од април постојано е во болница. Неговата сопруга вели дека ќе му биде потребна нега до крајот од животот.

„Тоа што му се случи на Шон Кокс не смее да го доживее никој што тргнал на фудбалски натпревар. Од инцидентот постојано мислиме на него. Се надеваме дека тој потполно ќе се опорави“ – изјави претседателот на Рома, Џим Палота, кој лично ќе донира 50.000 евра.

Претходно за лекувањето на Кокс, пари донираше и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

 

 

Се вчитува...