Рома му нуди нов договор на Де Роси

Италијанскиот калчолигаш Рома го загуби градското дерби од Лацио, но и понатаму се наоѓа на второто место на табелата во Серија А, со интенција и да го задржи, со оглед дека води директно во Лигата на шампионите следната сезона. Истовремено, по доаѓањето на новиот спортски директор Мончи, почнаа и планирањата за изгледот на тимот во следната сезона.

Раководството на Рома му нуди нов договор на Даниеле Де Роси, кој ја носи капитенската лента на „волчицата“ кога на теренот не е Франческо Тоти. Одличниот играч за врска ќе добие понуда за нов едногодишен договор, со опција и за уште една дополнителна сезона. Де Роси би заработувал 3 милиони евра по сезона, плус бонуси. Ова е воедно и одговор на понудата што Интер ја испрати до искусниот играч на Рома, а изнесуваше 5,5 милиони евра за две сезони.

Се вчитува...