Пауло Дибала нема да настапи за Рома ниту на денешниот натпревар од Серија А на домашен терен против Каљари, откако тренерот Гасперини реши да не ризикува со одличниот аргентински фудбалер кој имаше низа проблеми со повреди во последните години.
Дибала настапи на шест меча за „волчицата“ сезонава и веќе има чееетири асистенции, но ги пропушти последните три средби поради повреда на мускулот.
Гасперини пред дербито со Наполи најави дека тој би можел да се врати за Каљари, Дибала вчера тренираше со остатокот од тимот, но по консултациите со лекарите беше решено дека ризикот од нова повреда сепак е сериозен.
Аргентинскиот ас поради ова вечерва ќе се најде на трибините, по што веќе следниот викенд би му бил на располагање на стручниот штаб за гостувањето против Удинезе закажано в сабота, по што ќе следи и дуел во ЛШ против Манчестер Јунајтд на „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
