Рома не успеа да го скрши отпорот на Калјари

Рома долго се мачеше на „Олимпико“ против Калјари, и не успеа да го скрши отпорот на гостите играјќи само 1-1. Калјари поведе со голот од пенал на Жоао Педро во 26.минута, но пет минути подоцна „волчицата“ израмни со автоголот на Лука Сепители. Во финишот Никола Калиниќ постигна гол, но не беше признат.

Аталанта со 3-1 го совлада Лече, а Болоња и Лацио ремизираа 2-2 на мечот на кој Синиша Михајловиќ се врати на клупата на домашниот тим. Сите четири гола беа постигнати во првото полувреме, а Кореа не реализира пенал во финишот за триумф на „лацијалите“.

Се вчитува...