Рома не знае што ја снајде… Мане и Фирмино стрелаат за 4-0! (ВИДЕО)

Ливерпул игра фантастичен фудбал на „Енфилд“ и води со 4-0 против Рома во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите. По двата гола на Мохамед Салах во првиот дел, Египќанецот асистираше двапати за неверојатно водство на „црвените“. Во 56.минута Салах го проигра Садио Мане, кој беше стрелец на третиот гол за својот тим. Само пет минути подоцна, Салах уште еднаш побегна како брз воз, го проигра Фирмино, за водство од 4-0…

Се вчитува...