Рома остана без Де Роси до крајот на сезоната

Италијанскиот калчолигаш Рома се бори за пласман во Лигата на шампионите, но остана без услугите на капитенот Даниеле Де Роси. Ветеранот се повреди на мечот против Удинезе, ја обнови повредата на десното колено и најверојатно ќе отсуствува до крајот на сезоната.

35-годишниот Де Роси доби понуда од раководството на Рома за нов едногодишен договор, но можно е и да одлучи да стави крај на кариерата и да се приклучи како дел од управата на „волчицата“.

Се вчитува...