Рома по пенал-рулетот преку Феенорд до осминафинале во Лига Европа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома се пласираа во осминафиналето од Лигата на Европа откако дури по пенал-рулетот славеа со 4-2 против Феенорд во Рим. По регуларните 90 минути и двете продолженија мечот заврши 1-1, идентично како што заврши натпреварот пред седум дена во Ротердам.

Во регуларниот дел од мечот, Феенорд поведе уште во 5. минута со голот на Хименез.

Но, Рома успеа да израмни со погодокот на Пелегрини веќе во 15. минута. А, потоа се до крајот на регуларните 90 минути, па и низ двете продолженија од по 15 минути немаше погодок.

Во пенал-рулетот, единствено Лукаку не го реализираше пеналот за Рома, а гостите промашија два удари од белата точка.

ЛИГА ЕВРОПА – 1/16-ФИНАЛЕ (реванш натпревари)
Рен – МИЛАН 3-2 (0-3)
ФРАЈБУРГ – Ленс 3-2 (0-0)
КАРАБАХ – Брага 2-3 (4-2)
Тулуз – БЕНФИКА 0-0 (1-2)
РOMA – Феенорд 1-1 (1-1) – по пенали: 4-2
МАРСЕЈ – Шахтјор 2-1 (2-2)
СПАРТА ПРАГА – Галатасарај 4-1 (2-3)
СПОРТИНГ – Јанг Бојс 1-1 (3-1)
* Во заградата се резултатите од првите натпревари

Се вчитува...