Рома притиска за Сусо, Милан добива и врвен фудбалер

Милан се соочува со проблем при продажбата на Сусо, што би можел да биде решен откако и Рома се вклучи во трката по шпанскиот офанзивец. Сусо одбива да го продолжи договорот што му истекува на крајот од сезонава, „росонерите“ се принудени да го продадат, но ниту еден клуб не е подготвен да ја плати клаузулата од 40 милиони евра што тимот од „Сан Сиро“ ја бара.

Во таборот на Рома се сериозно загреани за овој крилен офанзивен играч, а како адут во преговорите се подготвени да го искористат и Хавиер Пасторе. Аргентинецот се мачеше со повреди по трансферот од ПСЖ, па сега не е дел од плановите на новиот тренер Фонсека. Сепак, станува збор за играч од највисока класа што би бил добредојден во таборот на Милан. Рома покрај Пасторе е подготвена да понуди и 10 милиони евра, се со цел што поскоро да го комплетира трансферот на Сусо на „Олимпико“.

„Волчицата“ е во завршна фаза од преговорите за уште еден трансфер, откако се договори со Фиорентина за отштета од 20 милиони евра за францускиот играч за врска, Џордан Верету.

Се вчитува...