Рома размислува Батшуаи да го замени Џеко во нападот

Италијанскиот калчолигаш Рома е во интензивна потрага по квалитетен напаѓач кој би го наследил Един Џеко во навалната линија. Босанскиот интернационалец е пред трансфер во Интер, а со оглед дека се уште нема ништо од можноста Мауро Икарди во размена да дојде на „Олимпико“, за што Рома и дополнително би доплатила, римскиот клуб бара други решенија.

Спортскиот директор Џанлука Петраки смета дека белгискиот интернационалец Мичи Батшуаи би бил одлично засилување и ќе се обиде да го доведе во Рим. Тој е играч на Челси кој минатата сезона играше како позајмен во Кристал Палас и во моментот бара друга средина каде ќе ја продолжи кариерата.

Се вчитува...