Рома ремизираше во Џенова, Удинезе триумфално против Торино

Рома ремизираше без голови на гостувањето против Сампдорија во Џенова во 8. коло од Серија А. И покрај повредата заработена на претходниот дуел, босанскиот репрезентативец Един Џеко се врати на терените веќе за овој натпревар во Џенова.

Удинезе, пак, триумфираше со 1-0 против Торино благодарение на голот на Окака во 42. минута од натпреварот.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во игра влезе во 85. минута на дуелот, без посериозна шанса до крајот за затресување на противничката мрежа.

Во последниот попладневен меч Каљари победи со 2-0 против СПАЛ со головите на Наинголан и Фараџо.

Се вчитува...