Рома сака да го откупи договорот на Смолинг

Англискиот интернационалец Крис Смолинг игра одлично во дресот на Рома откако пристигна на „Олимпико“ како позајмен играч на почетокот на сезоната. Раководството на „волчицата“ посакува комплетно да го откупи неговиот договор од Манчестер Јунајтед и веќе почна со реализација на планот.

Рома е подготвена да понуди 15 милиони евра за ангажман на Смолинг, а „црвените ѓаволи“ бараат 5 милиони евра повеќе. Преговорите ќе продолжат и во текот на овој месец, а римјаните се надеваат дека ќе успеат да ја остварат целта до почетокот на зимскиот преоден рок.

Се вчитува...