Рома сака да се „утеши“ со Сусо, за дебаклот со Малком

Италијанскиот калчолигаш Рома и натаму е активен на трансфер пазарот и сака што е можно побрзо да ја заборави „кражбата“ на Бразилецот Малком. Барселона во последен момент го „украде“ фудбалерот на Бордо и го одведе на „Камп Ноу“, но спортскиот директор Мончи продолжува да бара нови засилувања. Тој смета дека Шпанецот Сусо одлично би ја пополнил празнината во навалната линија.

Милан за Сусо одреди отштета од 40 милиони евра, а Рома беше подготвена речиси иста сума да плати за Малком. Сега можно е да се обиде да го доведе Сусо од Милано на „Олимпико“ во Рим. Би била тоа добра „утеха“ за тренерот Еузебио Ди Франческо.

Сусо од 2015 година е во Милан, настапуваше и за Џенова како позајмен фудбалер, а претходно беше член на Ливерпул и на Алмерија.

Се вчитува...