Рома ремизираше (1-1) на гости против Болоња и им даде надеж на конкурентите дека можат да атакуваат на третото место на табелата во Серија А, кое во моментов го чуваат фудбалерите на Еузебио Ди Франческо.
Болоња поведе со голот на Пулгар во 18.минута, а Един Џеко беше стрелец за „волчицата“ во 76.минута од средбата. Претходно, Кевин Стротман не успеа да реализира одлична можност за гостите, кога од непосредна близина го погоди само дирекот од голот на домашниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА