Рома сигурна против Калјари, го прескокна Милан

Рома славеше убедлива победа над Калјари со 3-0 на „Олимпико“ и се искачи на четвртата позиција на табелата со 58 бода, два повеќе од Милан кој утре му гостува на Торино. „Волчицата“ многу брзо го најави триумфот со два гола во првите осум минути од дуелот. Фацио во петтата минута донесе водство, а три минути подоцна Пасторе зголеми на 2-0.

Во 86.минута Коларов го постави конечниот епилог на натпреварот.

Се вчитува...