Џампјеро Гасперини во својата прва сезона како тенр на Рома оствари одличен успех внесувајќи ја „римската волчица“ во Лигата на Шампионите, а управата на клубот се погрижи веднаш да задржи дел од клучните фудбалери во овој одличен резултат.
Дониел Мален ќе продолжи да ги брани боите на Рома откако холандскиот голгетер беше целосно откупен од Астон Вила и потпиша договор до 2030 година. Одличниот напаѓач дојде во јануари на „Олимпико“, на 20 натпревари постигна 15 погодоци и беше меѓу најзаслужните за одличниот пласман и билетот за ЛШ, па за Рома немаше дилема – клаузулата мораше да биде активирана.
Заедно со Малерн ќе остане и Марио Хермосо, шпанскиот дефанзивец лани беше испратен на позајмица во Баер Леверкузен, но со доаѓањето на Гасперини тој се наметна како стандарден во одбранбената линија, настапувајќи на 35 средби за Рома сезонава.
Со вакви бројки, раководството немаше дилема и ја активираше клаузулата за продолжување на соработката со Шпанецот за уште најмалку една година, до јуни 2027.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
