Рома со два важни потписи во ист ден

Навивачите на Рома имаат причина за задоволство откако двајца клучни фудбалери на „волчицата“, Брајан Кристанте и Џанлука Манчини потпишаа нови договори со римскиот клуб.

Кристанте е член на Рома уште од 2018 година и оттогаш собра 364 настапи за овој клуб, постигнувајќи вкупно 21 гол во лигашките и во куп-натпреварувањата. Тој е меѓу Топ 10 фудбалерите по бројот на настапите во клупската историја на Рома, а се очекува Кристанте дополнително да напредува на оваа листа откако потпиша договор до 2028 година.

Манчини за разлика од Кристанте потпиша договор до јуни 2029 година. Тој е член на Рома од 2019 година и досега има 319 натпревари за „волчицата3, постигнувајќи 23 гола.

Се вчитува...