Рома со „лудо“ прво полувреме до триумф над Сасуоло

Рома славеше со убедливи 4-2 против Сасуоло во 3. коло од Серија А, благодарение само на извонредно одиграното прво полувреме.

Сите четири погодоци римјаните ги постигнаа во првиот половина час од натпреварот. Најпрво Кристанте во 12. минута, па Џеко зголеми на 2-0 во 20. минута а во 22. минута со голот на Мкхитарјан веќе беше 3-0. На 4-0 заокружи Џастин Кливер во 33. минута.

Гостите во второто полувреме постигнаа два погодоци преку Берарди во 52. и во 73. минута. Но, немаа сила за целосен пресврт.

Се вчитува...