Рома со „петарда“ за Кротоне… (ВИДЕО)

Рома ја продолжува трката за европски излез следната сезона по победата од 5-0 против Кротоне во 35. коло од Серија А.

„Волчицата“ сосема очекувано стигна до убедлив триумф против последнопласираната екипа во италијанскиот шампионат. Сите пет гола домашните фудбалери ги постигнаа во второто полувреме, а стрелаа Мајорал и Пелегрини, во два наврати, и Мкхитарјан.

 

Рома со 58 бода е на седмата позиција на табелата во Серија А.

 

Се вчитува...